11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во подкастот „Коридор 8“, отец Зоран Мамучевски сподели лично сведоштво за своето национално изјаснување во текот на младоста и за институционалниот притисок со кој, според неговите зборови, се соочил поради таа определба.
Тој раскажува дека за време на попис, кога имал околу петнаесет години, во официјален документ се изјаснил како Бугарин по националност. „Мислам дека тогаш бев на петнаесет години“, наведува Мамучевски, додавајќи дека подоцна, во бланка која била дел од документацијата за тогашната обврска за служење војска, повторно се изјаснил на ист начин. Тоа, како што појаснува, се случило во Берово.
По ова изјаснување, отец Зоран Мамучевски бил повикан во Военото претставништво во Берово. Таму, началникот му го покажал документот и директно му укажал на напишаното. „Ти тука си пишал Бугарин“, му рекол, на што Мамучевски одговорил потврдно – „да“.
Следувала реакција која, според неговото сведоштво, била недвосмислена. Му било кажано дека во Берово „нема Бугари“ и дека не може така да се изјасни, со барање националноста да биде тргната или променета. „Тука нема Бугари, не може да си пишеш така“, му било кажано.
Во тој период, како што истакнува Мамучевски, веќе бил примен на факултет во Бугарија и се подготвувал да замине на студии во септември. Токму тоа време, вели тој, било клучно за неговата одлука да не отстапи од својата лична определба.
„Му кажав: јас нема да го тргнам. Ако сакаш ти, тргни го ти. Јас нема да го тргнам тоа“, раскажува отец Зоран Мамучевски. Причината за таквиот став, според него, е длабоко лична и искрена: „Така си останува. Така е, го чувствувам така.“
Со ова сведоштво, изнесено јавно во подкастот „Коридор 8“, отец Зоран Мамучевски говори за искуство во кое личниот идентитет се судира со институционалните очекувања, нагласувајќи ја важноста на правото на самоопределување и лична доследност.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

