23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Осум возила учествувале во сообраќајна несреќа што се случила утринава на автопатот Штип – Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, настанот бил пријавен денеска, 23 февруари 2026 година, околу 7 часот, во СВР Скопје. Несреќата се случила по наплатната станица „Преод“, во насока кон Скопје, каде што дошло до судир помеѓу осум возила.
Од полицијата информираат дека веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, кои преземаат мерки за расчистување на случајот и регулирање на сообраќајот.
Засега нема официјални информации за бројот и состојбата на евентуално повредените лица. Од МВР најавуваат дека повеќе детали за причините за несреќата и за последиците ќе бидат соопштени во текот на денот.
Сообраќајот на делницата се одвиваше отежнато во утринските часови, а надлежните апелираат до возачите на зголемена внимателност и почитување на сообраќајните правила.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

