30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го попречува процесот на интеграција на државата во Европска Унија, посочувајќи три клучни причини за ваквата политика.
Според Османи, актуелната власт е формирана со поддршка од европски политички кругови кои се скептични кон ЕУ и кои, како што тврди, претставуваат канали на руско влијание во Унијата. Наместо да придонесат кон забрзување на интеграцијата, овие фактори, според него, работат на нејзино разлабавување и релативизирање во регионот на Балканот.
Османи нагласува дека албанскиот политички фактор традиционално бил гарант за евроатлантската ориентација на државата. Сепак, според него, денес овој баланс е нарушен поради, како што вели, слаба и контролирана политичка претставеност, конкретно посочувајќи ја коалицијата Влен како фактор без доволно влијание. Тој смета дека за првпат недостасува вистинска внатрешна отпорност кон ваквиот курс.
Како трет фактор, Османи го посочува намалениот притисок од страна на граѓаните. Тој тврди дека околу 250 илјади граѓани веќе поседуваат бугарски пасоши, што им овозможува индивидуално да ги користат придобивките од ЕУ. Во такви услови, според него, дел од електоратот нема мотивација да бара системски реформи, бидејќи веќе ги ужива бенефитите.
Османи заклучува дека комбинацијата од надворешен притисок, внатрешен институционален вакуум и слаб јавен притисок создава нов политички баланс во кој блокадата на евроинтегративниот процес не е случајна, туку очекуван исход.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

