07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, соопшти дека денес ги информирал претставниците на меѓународната заедница за, како што вели, обидите на Владата да ги прикаже студентските протести како политички мотивирани.
Во своето обраќање, Османи истакнал дека ваквите квалификации создаваат погрешна перцепција за реалната состојба во земјата.
„Денес ги информирав претставниците на меѓународната заедница за обидите на Владата искривено да ја прикаже природата на студентските протести, етикетирајќи ги како политички мотивирани и со тоа создавајќи неточна слика за реалноста во државата“, наведе Османи.
Тој потенцира дека овие обиди за погрешно насочување на меѓународните партнери не ги одразуваат вистинските грижи на студентите, кои, според него, се директно поврзани со спроведувањето на веќе постојните права.
Османи дополнително се осврнал и на, како што вели, неточните толкувања на мислењето на Венецијанска комисија. Тој појасни дека мислењето од март 2025 година не се однесува на ограничување на јазичните права, ниту пак директно се повикува на домашното законодавство, туку се фокусира на практичните аспекти на имплементацијата, како што се трошоците и логистичката поддршка.
„Станува збор за минимални стандарди што треба да се исполнат, а не за препораки за ограничување на правата“, нагласи Османи.
Тој заклучи дека во период кога се бара целосна имплементација на правата, особено е важно комуникацијата со меѓународната заедница да се темели на факти и на објективно претставување на состојбите во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

