16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на синоќешниот митинг во Чаир откри дека добил директна порака од висок претставник на Европската Унија, во која се потврдува поддршката на Брисел за европскиот пат на државата и очекувањето новата влада веднаш по октомвриските избори да ги реализира уставните измени.
„Денеска во нашата земја престојува претседателката на Европската комисија, која испрати многу јасна порака за нашата држава. Еден важен пријател од Брисел ме извести денес – и со целосна одговорност го кажувам ова пред вас – ми рече: прашај го Али Ахмети и лидерите на Алијансата за национална интеграција дали можат да се ангажираат пред Брисел дека веднаш по октомври, кога ќе се формира новата влада, ќе се спроведат уставните измени,“ изјави Османи.
Тој додаде дека ја презел оваа обврска пред Брисел, бидејќи, како што нагласи, Али Ахмети и Алијансата за национална интеграција секогаш биле мотор на европските процеси во државата.
„Светот разбра дека оваа состојба е неодржлива, и само со масовно излегување на изборите на 19 октомври ќе постигнеме повеќе победи: ќе го ослободиме Чаир од канџите на корупцијата, ќе го освоиме градот Скопје, ќе ја собориме најанти-европската и најанти-албанската влада што ја имала државата, но и ќе ја поништиме мицковистичката идеја која сака да го врати моноетничкото владеење,“ порача Османи.
Тој повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 19 октомври, оценувајќи дека секој глас ќе биде глас за европска, праведна и модерна држава.
„Секој ваш глас е камен во темелот на новиот Чаир, камен во темелот на новата Македонија, каде што Албанците и другите заедници се рамноправни,“ додаде Османи.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден