20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Според последните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 23 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, е во водство со 41,23 проценти од обработените 53 отсто од гласачките места.
На второ место е кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој досега освоил 12,76 проценти од гласовите. Зад него следуваат Башким Бакиу од ВЛЕН со 12,22 проценти, Каја Шукова од СДСМ со 11,09 проценти, и Скендер Реџепи од Националната алијанса за Албанците (НАИ) со 10,98 проценти.
Изборниот процес продолжува, а конечните резултати ќе бидат познати по завршување на целосното пребројување на гласовите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден