12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост за професор кој е пријавен за сексуално вознемирување на ученичка. Мерките вклучуваат одземање на патната исправа, забрана за вршење одредени работни активности поврзани со кривичното дело и забрана за приближување до ученичката од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерките се донесени по предлог на Основното јавно обвинителство.
Како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи, професорот бил лишен од слобода на 9 март, откако била поднесена пријава дека вознемирувал ученичка и од неа барал сексуален однос.
„На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, професор во средно училиште на подрачјето на Центар. Постапено е по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 тој вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да имаат сексуален однос. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.
Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека веднаш е започната постапка и дека интензивно се работи на прибирање докази.
„Осомничениот е обезбеден со мерки на претпазливост – одземање на патната исправа, забрана за приближување до одредени лица и забрана за вршење одредени работни активности, односно забрана за работа“, информираат од Обвинителството.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

