05 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Љубовна средба што заврши со разбојништво и притвори
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – осомничени за кривично дело Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, според обвинителството, во група со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице во Скопје.
Настанот се случил на 30 октомври годинава, кога оштетениот се договорил за љубовна средба со една од осомничените жени и заедно заминале во мотел во главниот град. Во текот на престојот, жената му предложила да повикаат уште една девојка. Откако тој се согласил, таа ја контактирала својата соучесничка, а двете го убедиле оштетениот да заминат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, оштетениот во дворот на мотелот бил пречекан од двајца мажи кои, според обвинителството, биле во договор со жените. Тие му се нафрлиле и почнале да го удираат со боксови по главата и телото сè додека не паднал на земјата. Потоа му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за сите четворица осомничени. Како причини се наведуваат опасноста од бегство и можноста повторно да го извршат делото.
За една од жените, која по извршеното дело е во бегство, мерката притвор ќе биде активирана веднаш по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

