01 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од денес официјално започна функционирањето на новиот систем „Безбеден град, безбедна држава“, чија цел е автоматска детекција на сообраќајни прекршоци преку мрежата на камери од проектот Сејф сити. Системот е дел од пошироката иницијатива за подобрување на безбедноста, редот и контролата во сообраќајот низ целата земја, а го реализира Министерство за внатрешни работи.
Според најавите од надлежните, до крајот на годината ќе трае пробен период, во кој прекршоците ќе бидат евидентирани, но возачите ќе добиваат само предупредувања, без финансиски санкции. Казните ќе станат активни од јануари, кога системот ќе работи со целосен капацитет.
Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, изјави дека институцијата ќе применува „нулта толеранција“ кон прекршувањата, без оглед дали станува збор за градски сообраќај или возење по автопат.
Системот е дизајниран така што сопственикот на возилото – а не само возачот – ќе биде известен во случај на прекршок. Граѓаните ќе добиваат записник и платен налог преку СМС и електронска пошта, што треба да ја забрза постапката и да го намали административното доцнење.
Во првите осум дена од добиениот платен налог, прекршителите ќе можат да платат 50% од казната, додека по истекот на рокот задолжително ќе се плаќа целосниот износ.
Во стартната фаза камерите од Safe City ќе ги регистрираат следните прекршоци:
Од МВР најавуваат дека листата на прекршоци ќе се проширува постепено, во рамки на следната развојна фаза на системот.
Во тек е интензивно поставување на камери низ повеќе региони. Системот веќе се инсталира во:
Покриеност ќе има и на автопатите и експресните патишта долж паневропските коридори 8 и 10, каде што фреквенцијата на возила е најголема.
Според планот, до средината на 2026 година системот треба да ја покрие целата држава, со што ќе се воспостави дигитален механизам за контрола на сообраќајот на национално ниво. Од МВР очекуваат дека првите конкретни резултати ќе бидат видливи во следните недели, а официјалните податоци за ефективноста ќе се анализираат во почетокот на 2026 година.
Надлежните потенцираат дека системот не е само за казнување, туку пред сѐ за превенција на опасни ситуации и воведување поголема сообраќајна култура меѓу граѓаните.
„Побезбеден
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

