27 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
По повеќе од една деценија непроменети цени, од 1 јануари Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе ги зголеми партиципациите за дел од здравствените услуги во јавните здравствени установи. Најголемото зголемување се однесува на специјалистичките прегледи, кои наместо досегашните 380 денари, ќе чинат 720 денари.
Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, на средба со новинарите објасни дека станува збор за корекција на цените на основниот специјалистички и интернистички пакет, нагласувајќи дека поскапувањето е „симболично“, иако партиципацијата за специјалистички прегледи речиси се удвојува.
Покрај специјалистичките, ќе поскапат и интернистичките услуги. Според објаснувањето на Клековски, зголемувањето се движи во износи од 40 до 60 денари, што во суштина претставува раст од околу 50 проценти во однос на досегашните цени.
Од Фондот очекуваат дека со новите цени здравствениот систем ќе инкасира приближно една милијарда денари годишно, односно околу 16 милиони евра дополнителни приходи. Според пресметките, околу 80 проценти од овој износ ќе завршат во јавните здравствени установи, додека преостанатите средства ќе одат кај приватниот специјалистички сектор. Само од интернистичкиот пакет се очекува годишен ефект од околу 340 милиони денари.
Воедно, директорот на ФЗО најави и проширување на позитивната листа на лекови во текот на наредната година. Според планот, листата ќе се проширува во три наврати, при што приоритет ќе имаат терапиите за лекување на кардиоваскуларни заболувања.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

