Обвинителството Гостивар бара притвор за 15-годишник осомничен за силување на петгодишно девојче
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање до судијата за деца при Основниот суд во Гостивар за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот.
Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот сторил продолжено кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во извештајот, во неколку наврати, осомничениот ја искористувал ситуацијата кога родителите биле отсутни, па намамувал петгодишно девојче во куќа и вршел обљуба врз него.
Судијата за деца денеска го прифати предлогот на обвинителството и одреди мерка притвор за малолетното лице.
Обвинителството информира дека постапката продолжува со цел целосно утврдување на фактите.