17 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во бугарските медиуми беа објавени документи кои откриваат дека сестрата на сопругата на премиерот на Северна Македонија, Христјан Мицкоски – Стевица Јанева, поседува бугарски пасош издаден во 2016 година. Истите документи покажуваат дека и нејзиниот сопруг, Јорданчо Јанев, има бугарско државјанство стекнато во истата година.
Според објавените податоци, при аплицирањето за бугарско државјанство, Стевица Јанева доставила декларација во која навела дека нејзините мајка, татко, сестра (Роза Мицкоска – сопругата на премиерот) и двете нејзини деца се Бугари по народност од Струмица. Во интервјуто спроведено од бугарските власти, таа изјавила дека има роднини во селото Брезница, Петрич и Софија.
Објавените документи покажуваат дека и нејзиниот сопруг, Јорданчо Јанев, добил бугарски пасош во 2016 година, со што двајцата официјално стекнале бугарско државјанство.
Овие откритија доаѓаат во момент кога премиерот Христјан Мицкоски јавно изјавува дека нема да дозволи внесување на Бугарите во македонскиот Устав без, како што наведува, „јасни и конкретни обврски од страна на Софија“. Изјавата на Мицкоски дојде по неговата средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која повтори дека единствениот предуслов за почеток на пристапните преговори со ЕУ е уставната промена.
Според Георги Трендафилов, раководител во Националниот истражувачки центар „Св. Климент Охридски“ во Скопје, јавноста има право да добие одговори:
„Никој не го прашува премиерот дали неговите роднини имаат проблеми во Бугарија, какви што тој создава за Македонците со бугарско потекло“, изјави Трендафилов.
Овие информации се дел од новинарското истражување на бугарскиот новинар Стојан Нешев, кое ги анализира врските на македонски политичари со лица што поседуваат бугарски документи. Целосното истражување ќе биде прикажано во неделното издание на емисијата „На фокус“, каде ќе бидат објавени уште ексклузивни детали за македонски политичари со роднини Бугари.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден