01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од 1 септември, македонските граѓани повторно се разбудија со нова горка реалност – дел од цигарите поскапеа за 10 денари по кутија. За држава во која речиси половина население е зависно од тутунот, ова не е само обично поскапување, туку нов удар врз најсиромашните и најизмачените.
Зад кулисите на „усогласување со европските стандарди“, македонската власт го уништува народот со постојани зголемувања на акцизите. Законот, кој предвидува до 2030 година цените да растат секоја година, претвора милион луѓе во заложници на сопствената зависност. Наместо решенија за сиромаштијата и здравствените проблеми, добиваме нови товарни сметки.
Денес е 10 денари, утре ќе биде 20. Секој јануари – нов удар. Животот во Македонија веќе одамна не е живот, туку борба за преживување.
Секојдневно умираат луѓе – 4.000 животи годишно се гаснат од последиците на пушењето, според Светската здравствена организација. Наместо превенција и грижа, државата единствено знае да ја полни касата од мизеријата на народот. Во свет каде што бројот на пушачи постојано опаѓа и во 2025 се проценува на само 15,4 отсто, Македонија останува заробена со речиси 45 проценти пушачи. Тоа е речиси двојно повеќе од светскиот просек – доказ дека сме оставени сами на себе, без никаква визија за иднината.
Секој ден во Македонија носи нови поскапувања. Струја, гориво, храна, сега и цигари. Платите стојат, а трошоците растат како никогаш досега. Нема перспектива, нема надеж, нема спас.
Ова повеќе не е држава, ова е стапица. Македонија не живее – Македонија полека умира. И со секоја нова цена, со секоја нова акциза, тој крај изгледа сè поблизок и сè поболен.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден