13 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
„Која е врската помеѓу нацрт-извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент и црквата во Курбиново?“ – прашува Никица Корубин, поранешна пратеничка, отворајќи го прашањето за суштината на идентитетот, неговата политичка инструментализација и културолошка заклученост. Во оваа споредба – меѓу релативизацијата на идентитетот во европските извештаи и апсолутноста на историјата претставена преку храмот во Курбиново – таа го лоцира главниот проблем: сомнежот во сопствениот идентитет како последица на долготрајна политичка, регионална и глобална инженеринг-реалност.
Според неа, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, наместо стабилизација, создадоа тло за постојано преиспитување и (само)докажување на националниот идентитет. Националниот наратив и „историјата базирана на факти“, кои природно се поврзани со државноста и современоста, се сведени на опасна замена на тези, каде суштината се заменува со формалната дефиниција. Но, како што нагласува Корубин, културолошкиот и цивилизацискиот идентитет не може да се дефинира – а ако не може да се дефинира, тогаш не може ни да се гарантира. Токму затоа, гаранциите за идентитетот не се однесуваат на суштината, туку на политичкиот наратив, наметнат однадвор, идеолошки изолиран од нашата реалност.
Таа посочува дека целта не е да се заштити тоа што сме – резултат на етногенеза и културолошки развој во конкретен простор – туку да се зачува наметната слика за тоа што треба(ло) да бидеме: народ затекнат на територија, парче од „историска Македонија“. Па, се прашува – дали јазикот на тие гаранции зборува со гласот на автохтоните или на освојувачите? Во моментот кога идентитетот се третира како политичка формула, се создава гласност кога тој е површен, фиктивен, а молк кога е вистински, жив и сврзан со припадност.
Корубин подетално укажува на различните форми на припадност – кон земјата, природата, урбаното и руралното, културното наследство, традициите и обичаите, како и природната поврзаност со соседните култури – Грција, Бугарија, Албанија, Косово – со кои нè врзуваат заеднички цивилизациски корени. Тоа е вистинскиот идентитет. И токму затоа – за него има молк. Бидејќи не може да се употреби како политичка алатка. Зашто е жив. И – заклучен.
Најсилната метафора ја гледа во случајот на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, заклучена со години. Тоа е споменик од 12 век, врв на византиска уметност, кој сведочи за присуството на висока цивилизација на овој простор. Долг период е оставена на пропаст, реставрирана без јавен надзор, зад затворени врати – како што се третира и самиот идентитет. Дури и семејството кое со генерации се грижело за неа, нема пристап. Црквата е празна, исклучена од живиот живот – заклучен идентитет.
Оваа реална метафора, според Корубин, е последица на систематско политичко и „колонијално“ поигрување со нашиот идентитет. Наместо да се штити суштината, се штити дефиницијата. А токму таа дефиниција – ако е наметната, неразумна и историски несоодветна – станува алатка за уништување на автентичната припадност. Одбивањето да се прифати реалноста на современата држава Северна Македонија, нејзината хармонизација со соседите и природното враќање кон Источниот Медитеран – каде припаѓа и културолошки – не е чин на заштита, туку на напаѓање на сопствениот идентитет.
Зашто идентитетот, потенцира Корубин, не е декларација. Тој сме ние – нашето наследство, секојдневие, обичаи, живеење, патување и меѓусебни врски. И затоа, таа прашува – каде е тој идентитет? Во реалноста или во извештаите? Зарем не постоиме без дефиниција? Или пак, треба да поверуваме во наративот дека „од ова држава не бидува“ – како што вели наменскиот идентитет?
На крај, таа нè потсетува – клучот е со децении во нашите раце. Прашањето е дали ќе го употребиме – за да го отклучиме живиот идентитет – или ќе се оставиме засекогаш заклучени во туѓи дефиниции и идеолошки кафези.