22 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во одводниот канал кај селото Таор, кој се влива во реката Вардар, била забележана необично голема количина пена, многу поголема од вообичаеното. Состојбата се појавила при активирањето на пумпите за препумпување на отпадните води од Скопското Поле – систем кој ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и околните населени места.
Општина Зелениково веднаш реагирала по пријавата. Општинските служби заедно со екипи на АД „Водостопанство“ излегле на терен за увид, а за координација е воспоставен контакт со сите надлежни институции.
„Општинските служби заедно со АД ‘Водостопанство’ излегоа на терен за увид и координација со надлежните институции за понатамошно постапување“, изјави градоначалникот Коста Маневски.
За утврдување на причините и потеклото на загадувањето, Институтот за јавно здравје по барање на општината земал примероци и од водата и од самата пена. Анализите треба да го утврдат хемискиот состав и можните извори што довеле до појавата.
Во меѓувреме, Зелениково поднесе официјална пријава до Државниот инспекторат за животна средина, кој треба да ја преземе натамошната контрола и да препорача соодветни мерки доколку се утврдат неправилности.
Од општината уверуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом пристигнат резултатите од анализите и насоките од надлежните институции за следните чекори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

