15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Здравствениот систем во државата се соочува со сериозен недостиг од медицински кадар, вклучувајќи лекари, медицински сестри и технички персонал. Поради ваквата состојба, постои итна потреба од ангажирање нови кадри со цел подобрување на здравствените услуги и усогласување со европските стандарди.
Министерот за здравство, Азир Алиу, во изјава за ТВМ2 информира дека сите директори на домови на здравје и болници се обврзани, врз основа на систематизацијата, да доставуваат барања до Министерството за здравство за нови вработувања, во согласност со реалните потреби на институциите.
Според министерот Алиу, Северна Македонија значително заостанува зад европските стандарди во однос на бројот на здравствени работници. Тој истакна дека во одредени здравствени служби капацитетите се дури двојно пониски во споредба со оние во земјите на Европската Унија, а дури и во најдобрите случаи, човечките ресурси се за околу 50 проценти под европскиот просек.
„Во целина можам да кажам дека на здравствениот екосистем му недостигаат голем број лекари, медицински сестри и технички персонал. Еден од нашите приоритети како Министерство за здравство е овој проблем да го решаваме чекор по чекор, со јасен долгорочен пристап“, нагласи Алиу.
Во таа насока, министерот најави дека Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука, ќе подготви 10-годишна национална стратегија за создавање и развој на здравствен кадар. Целта на стратегијата е системско и одржливо планирање на образованието и вработувањето во здравството, со што би се обезбедил стабилен и квалитетен здравствен систем во иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

