25 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во текот на ноќта на 24 октомври 2025 година, околу 00:30 часот, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Тетово, дојде до инцидент при кој беа нападнати полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според официјалните информации, полициските службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода лицата М.Л. (33) и Х.Ш. (24), двајцата од Тетово, поради физички напад врз полицајци и поседување на наркотични средства. При извршен преглед, кај М.Л. била пронајдена марихуана.
Потоа, со негова согласност, во домот и помошните простории на М.Л. бил извршен претрес, при што полицијата пронашла 18 пакувања марихуана. Двете лица се задржани во полициската станица во Тетово.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави — по член 215 („Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“) и член 383 („Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“) од Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

