10 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Александар Наунов, таткото на младата Надица која трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, повторно го растажи јавноста со својата емотивна објава на социјалните мрежи. На својот профил на Фејсбук, тој сподели видео од последните моменти кога ја видел својата ќерка — вечерта кога таа излегла од домот, несвесна дека тоа ќе биде нејзиното последно заминување.
Во описот на видеото, Наунов напиша зборови што ја отсликуваат неговата бескрајна болка и копнеж по изгубеното дете:
„Последното затворање на вратата... Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај. Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.“
Со овие зборови, таткото ја пренесува длабочината на болката што не избледува со текот на времето. Тој додава дека сè уште ја слуша тишината наместо нејзините чекори и дека секој ден живее со споменот и љубовта кон своето дете.
„Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши. Помина време, но не и мојата болка. Надица, ти остана вечна во моето срце, во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува. Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина. И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам.“
Објавата на Наунов предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – од пораки на поддршка до зборови на сочувство од пријатели, роднини и луѓе кои ја следеа трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност.
Иако времето минува, болката на родителите што изгубија дете во оваа несреќа останува иста. Објавата на Александар Наунов е потсетник дека зад секоја трагедија стојат човечки судбини, љубов и сеќавања што никогаш не згаснуваат.
Денеска се празнува Светата маченичка Параскева – симбол на верата и милосрдието
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

