01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорката и граѓанска активистка Мирјана Најчевска повторно ја актуализира темата за управување со отпадот во Македонија, овојпат инспирирана од позитивен пример во Данска.
Таму неодамна е изграден зелен парк на покривот на фабрика која отпадот го претвора во енергија. Покривот, со површина од 10.000 квадратни метри, функционира како активен регулатор на микроклимата – го подобрува квалитетот на воздухот, ја апсорбира дождовницата и го намалува ефектот на т.н. топлински остров. На површината се засадени стотици дрвја и илјадници грмушки, избрани според нивниот биодиверзитет и отпорност на ветер.
Најчевска потсети дека веќе две децении апелира за изградба на инценератори во земјава. Според неа, тоа е најсоодветното решение за намалување на депониите и подобрување на животната средина.
– „Веќе 20 години повторувам дека во Македонија треба да се изградат инценератори. Да бев јас избрана за градоначалник во 2009 година, околу Скопје ќе имаше најмалку пет инценератори и ниту една депонија. Ама вие го сакавте Коце дрвосечачот. Ова што го живеете е ваша желба,“ напиша Најчевска на социјалните мрежи.
И додека Данска го користи отпадот како ресурс и создава зелени оази врз индустриски објекти, Македонија и понатаму се соочува со децении нерешен проблем со диви депонии и загаден воздух. Коментарот на Најчевска го отвора прашањето зошто вакви решенија не се применуваат и кај нас, и дали пропуштените шанси во минатото можат да бидат надоместени со сериозни политики во иднина.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден