16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Триесет и тригодишна жена од Србија пријавила напад во изнајмен стан на подрачјето на скопската населба Центар, информираат од полицијата.
Според информациите од СВР Скопје, на 16.03.2026 година во 01:55 часот било пријавено дека околу 00:10 часот жената била физички нападната од сопственикот на станот во кој престојувала.
Како што е наведено во пријавата, сопственикот на станот ја допирал по телото, а покрај физичкиот напад, ја вознемирувал и со пораки.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

