28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи излезе со официјално соопштение со кое го демантира порталот „tribuna.mk“, откако истиот објави дека автомобилот на Димитар Црномаров, поранешен висок полициски службеник и македонски Бугарин, бил намерно запален.
Од Секторот за внатрешни работи Битола појаснија дека на 24 август, околу 01:38 часот, Црномаров го паркирал своето возило марка „Опел Омега“ на улица „Солунска“ во Битола, по што автомобилот се запалил во предниот дел и почнал да гори. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
Во демантот се наведува:
„Секторот за внатрешни работи Битола ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи за наводно намерно опожарување на патничко возило во сопственост на Д.Ц.(73) од Битола. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.“
И покрај јасното официјално соопштение, „tribuna.mk“ објави текст во кој, повикувајќи се на изјава од член на семејството Црномарови, се тврди дека пожарот бил сомнителен и можеби намерно предизвикан.
Со вакви шпекулации порталот не само што ја игнорира официјалната информација од институциите, туку и ја доведува јавноста во заблуда, создавајќи чувство на страв и недоверба.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден