25 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за здравство ги објави препораките и мерките подготвени од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за справување со актуелната состојба со отпадот во главниот град. Целта е да се намалат здравствените ризици и да се спречи појава на зарази предизвикани од несоодветно управување со отпадот.
ИЈЗ апелира граѓаните строго да се придржуваат кон правилата за лична хигиена и безбедно одлагање на отпадот. Се препорачува користење на ракавици и заштитни маски при ракување со отпад, редовно миење и дезинфекција на рацете, како и совесно фрлање на сметот во контејнерите.
Посебно внимание треба да се посвети на:
Работниците кои доаѓаат во контакт со отпадот мора да користат соодветна заштитна опрема за да се намали ризикот од штетна изложеност.
Меѓу акутните мерки се предвидува итно и неодложно отстранување на расфрланиот отпад, особено во близина на болници, училишта, паркови и детски игралишта. Ќе се спроведе вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на критичните локации.
Во случаите каде што не е можно целосно чистење, ќе се постават физички бариери за спречување пристап на глодари и улични животни. Ќе се изврши и дислокација на контејнерите подалеку од фреквентни патеки и објекти со ранливи групи на население.
Се нагласува потребата од редовен транспорт и празнење на контејнерите, најмалку еднаш дневно во густо населените делови на градот. Дополнително, ќе се набави нова механизација и заштитна опрема, а за вработените во јавната хигиена ќе се обезбеди вакцинација и обука за безбедно ракување со отпад.
Интензивен надзор ќе се спроведува за можни заразни заболувања како лептоспироза и други зоонози, со засилено епидемиолошко следење и пријавување.
Министерството најавува и засилена јавна кампања за информирање на граѓаните со совети за лична и колективна хигиена, правилно складирање на храна и пријавување на нелегални депонии.
Ќе се спроведе едукација за препознавање на симптомите на можни зарази поврзани со отпадот, особено во ранливи категории на населението.
Во долгорочен план, препораките вклучуваат воспоставување интегриран систем за управување со комунален отпад, кој ќе овозможи редовно отстранување, селекција, рециклирање и повторна употреба на материјалите.
Ќе се спроведат образовни програми и иницијативи за поттикнување на граѓаните кон совесно одлагање и примарна селекција на отпадот. Исто така, ќе се воведат контролни механизми и казнени мерки за несовесно одлагање, како и редовно чистење и миење на јавните простори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

