23 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Протестите против работите на компанијата „Бехтел и Енка“ во прилепското село Ореовец крај Плетвар добиваат на интензитет. Дел од жителите кои се спротивставуваат на ископите за градежен материјал и минирањето на трасата на Коридорот, тврдат дека добиле казни од Министерството за внатрешни работи.
Според нивните изјави за Телевизија 24, полицијата казнила неколкумина од присутните на протестите со прекршочни пријави за, како што стои во записниците, „погрешно паркирање на коловозот“ и „неизвршување на наредба од службено лице“.
„‘Бектел и Енка‘ со полициска придружба влезе во ископот. Ние се собравме на барикадите, а МВР ни напиша казни. Протестот беше уредно најавен. Сметаме дека ова е обид на институциите да овозможат непречено одвивање на ископот“, изјави Жарко Стевановски, адвокат и локален активист.
Граѓаните кои се организирани преку иницијативата „Спас за Прилеп“ предупредуваат дека минирањата и експлоатацијата на каменот во овој предел може сериозно да ги загрозат неколкуте извори на вода за пиење кои го снабдуваат селото Ореовец и околните населени места.
Според нив, тоа би можело да има долгорочни последици за целиот регион на Прилеп, кој и онака со години се соочува со хроничен недостаток на вода.
Од иницијативата најавуваат дека протестите ќе продолжат сè додека, како што велат, не се стопираат ископите и не се изврши независна процена на влијанието врз животната средина.
Од надлежните институции засега нема официјална реакција за наводите на жителите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден