24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, предизвика бурни реакции во политичката јавност, откако тој истакна дека „подобро е да се затвори Уставниот суд отколку во него да се воведе Бадентеровиот механизам“.
На ова остро реагираше членот на Централното претседателство на Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села, Ремзи Мехмеди, кој ваквиот став го оцени како неприфатлив и спротивен на основните принципи врз кои функционира мултиетничката држава.
„Да го затвориме Парламентот?! Претседателот на Уставниот суд изјави дека подобро е да се затвори Уставниот суд отколку да се воведе Бадентеровиот механизам во него. Со оваа логика, имајќи предвид како функционирала и функционира оваа институција во различни периоди и за чувствителни прашања кои се темелни за државата, произлегува дека ако Уставниот суд не функционира според Бадентеровиот принцип, тогаш треба да се затвори Парламентот, ако не и самиот суд!“, изјави Мехмеди.
Тој додаде дека ваквите изјави отвораат сериозни прашања за почитувањето на принципот на еднаквост и застапеност на етничките заедници во институциите, особено кога станува збор за чувствителни прашања од државен интерес.
Политичките аналитичари оценуваат дека дебатата околу можната примена на Бадентеровиот механизам во Уставниот суд повторно ја отвора темата за балансот меѓу правото и политиката во институционалното функционирање, како и за улогата на механизмите кои обезбедуваат заштита на етничките заедници.
Останува да се види дали овие спротивставени ставови ќе доведат до поширока институционална или политичка дебата во наредниот период.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

