03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по завршувањето на изборната трка изјави дека партијата ќе продолжи со засилено темпо и ќе има амбиција да стане водечка политичка сила во главниот град на претстојните парламентарни избори.
„Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60 илјади луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција, го имаме огледалото за иднината на Скопје,“ изјави Мециновиќ, нагласувајќи ја поддршката што партијата ја добила од скопјани.
Тој порача дека следните две и пол години ќе бидат период на дополнителна мобилизација и раст на поддршката за Левица. „На парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје,“ додаде тој.
Мециновиќ се заблагодари на сите гласачи на Левица за нивната доверба и поддршка, истакнувајќи дека токму тие се изворот на енергија за да се спротивстават на, како што рече, „режимската ламја“. Тој упати благодарност и до неопределените граѓани кои излегле да гласаат, уверувајќи ги дека нивниот глас не бил залуден.
„Со ова покажавме дека иднината на Македонија е навистина посветла. Ние сме разбудени и ќе го чувствуваме одговорот се повеќе и повеќе,“ рече Мециновиќ, додавајќи дека ја цени поддршката и од гласачите на СДСМ. „Сметам дека браната е пукната и ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контингентот на Левица, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ,“ порача тој.
На крајот, Мециновиќ им се обрати на 60 илјади граѓани кои му го дале својот глас, ветувајќи дека ќе биде нивниот претставник во парламентот и дека борбата против ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со уште поголем интензитет.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

