07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во прекрасниот амбиент на амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“, општина Илинден беше домаќин на единаесеттото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. Организиран од КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, фестивалот повторно собра љубители на фолклорот и народната традиција од земјата и странство.
Голем број фолклорни ансамбли од Северна Македонија, Бугарија и поширокиот регион учествуваа во свеченото дефиле кое започна од основното училиште „Гоце Делчев“ и заврши на кружниот тек со заедничко оро, по што следуваа настапите во Домот на културата „Илинден“.
Фестивалот има за цел да ги поврзе народите преку фолклорот, да поттикне нови пријателства, но и да ги запознае помладите генерации со убавините на македонската народна култура и традиција, како и со културите на другите земји. Настанот, како и секогаш, покажа дека уметноста и културата се најдобрите амбасадори на пријателството и разбирањето.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол