25 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, упати остри критики кон претседателот на Уставен суд на Северна Македонија, Дарко Константиновски, обвинувајќи го дека излегува надвор од рамките на својата институционална улога и се впушта во дневнополитички дискурс.
Во своето гостување во подкаст на порталите Almakos.com и Ora24, Меџити нагласи дека првиот човек на Уставниот суд треба да се држи до своите надлежности и да не се однесува како политички актер.
„Претседателот на Уставниот суд треба да биде на висина на задачата. Наместо тоа, сѐ повеќе се однесува како претседател на партија или како институција што се занимава со дневна политика, а не како чувар на Уставот“, изјави Меџити.
Тој додаде дека не е соодветно претседател на ваква клучна институција јавно да ги коментира политичките случувања на дневна основа, бидејќи тоа, според него, ја нарушува довербата во институцијата.
Меџити упати и директен апел до Константиновски да ја преиспита својата улога: „Го повикувам да се однесува согласно функцијата што ја има, доколку сака институцијата да ја има заслужената почит. Но, со неговите изјави остава впечаток дека повеќе сака да се занимава со политика.“
Во продолжение, тој посочи дека доколку претседателот на Уставниот суд има амбиции за политичко делување, тогаш треба да се повлече од функцијата. „Ако е така, нека ја напушти позицијата и нека се кандидира за пратеник или за друга политичка функција, каде што ќе може слободно да ги изразува своите ставови“, потенцираше Меџити.
Оваа изјава доаѓа во период на засилени политички тензии и отвора нова дебата за улогата и неутралноста на клучните државни институции во Северна Македонија.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

