30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Педесет и шестгодишен жител на Куманово осомничен за тешко телесно повредување на сопругата
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А. (60) од Куманово под сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од полицијата, на 20 март 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел тешки телесни повреди.
Од СВР Куманово информираат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот, а против осомничениот ќе биде поведена соодветна постапка.
Надлежните апелираат до граѓаните навремено да пријавуваат случаи на семејно насилство со цел спречување на потешки последици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

