24 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот Н.И. од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Давање лажен исказ“ согласно член 367 од Кривичниот законик, објави 4NEWS.mk.
Според информациите, на 29 септември 2025 година, Н.И. свесно и со умисла во управните служби изјавил дека ја изгубил возачката дозвола, по што поднел барање за издавање на нова.
По преземените истражни мерки, било утврдено дека изјавата не била вистинита. Од полициската истрага произлегло дека возачката дозвола на пријавениот не била изгубена, туку му била одземена од полициски службеници во една странска држава.
Со тоа, тој се сомничи дека дал лажен исказ со цел незаконски да дојде до нова возачка дозвола, и против него ќе се води соодветна постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

