05 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Албанскиот новинар Марин Мема остро реагираше во врска со актуелната дебата за јазичните права на албанските студенти во Северна Македонија, нагласувајќи дека тие треба да имаат право да ги полагаат испитите на албански јазик.
Во својата јавна изјава, Мема истакна дека ова право не смее да биде ограничено само на одредени области, како што е правото, туку треба да важи за сите студиски програми. Според него, еднаков пристап до образование на мајчин јазик претставува основно човеково право.
„Албанските студенти во Северна Македонија треба да имаат право да ги полагаат испитите на албански јазик! Не само испитите по право, туку секој испит треба да биде на албански“, изјави тој.
Тој додаде дека секоја пречка кон остварување на ова право претставува директно нарушување на основните права на Албанците во државата.
„Кој го спречува ова, ги спречува природните права на еден народ на својата земја“, потенцираше Мема.
Во својата реакција, тој упати и повик до институциите на Албанија да се вклучат и да заземат јасен став по ова прашање, со цел заштита на правата на Албанците во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

