23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во емисијата „Код“ на Телма беа објавени детали за начинот на кој голема количина марихуана, запленета во Србија, била транспортирана од Македонија преку граничниот премин кај Коњух. Според изнесените информации, дрогата била прикриена како пратка со „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“, наводно наменети за извоз кон Манчестер, Англија.
Според истражувањето на „Код“, марихуаната била натоварена во камион на паркинг во близина на Свети Николе. Претходно, кутиите биле донесени со повеќе возила од компанијата „Алфафарм“, без полициска придружба.
Планот вклучувал замена на товарот: перниците кои биле првично натоварени во камионот биле извадени и претоварени во друго возило, додека на нивно место биле внесени 200 кутии со по 6 килограми марихуана. Вкупната количина во овој транспорт изнесувала околу 1.200 килограми.
Возач на камионот бил Александар Ивановски, кој во моментот се наоѓа во притвор.
Камионот ја минал границата ноќта меѓу 13 и 14 јануари, за време на одбележувањето на Стара Нова година. Според информациите објавени во емисијата, марихуаната била спакувана во двојно најлонско пакување со цел да се намали мирисот и да се избегне детекција од страна на граничните служби и кучињата трагачи.
И покрај количината и начинот на пакување, товарот не бил подложен на детална проверка при излез од земјата. Во документацијата, извозот и транзитот биле заведени како пратка со перници.
Дополнително, „Код“ објави дека во декември 2025 година вработени во „Алфафарм“ добиле наредба да спакуваат повеќе од 8.800 килограми канабис во кутии. Суровината била донесена од фабрики во струмичкиот регион. Работниците, според наводите, ја завршиле задачата за две недели, по што биле испратени на колективен одмор.
Случајот отвора сериозни прашања за контролата на извозот, царинските процедури и евентуалните пропусти во системот за гранична безбедност. Надлежните институции засега не објавуваат дополнителни детали за текот на истрагата.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

