Малолетна пациентка тврди дека доктор ја допирал по телото додека била во тоалет на Клинички
Малолетна пациентка згрижена во клиника во рамки на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје пријавила случај на недолично однесување од страна на доктор.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, девојката, која е од виничко, синоќа околу 21 часот пријавила дека додека се наоѓала во тоалетот на болницата, била недозволено допирана по телото од страна на лекар кој работи во клиниката.
Надлежните органи веднаш презеле мерки за расчистување на случајот. Од МВР потврдуваат дека се работи на целосно расветлување на настанот и дека ќе се постапува согласно законот.
Засега нема официјални информации за идентитетот на докторот ниту за евентуални дополнителни сведоштва или докази. Случајот се третира со особена сериозност поради возраста на пациентката и околностите под кои се случил настанот.