23 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Експертката за меѓународни односи од Бугарија, Малинка В’лкова, во интервју дава остра, но аргументирана анализа за причините поради кои премиерот Мицкоски упорно одбива Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Република Северна Македонија.
Според В’лкова, зад тврдокорната политичка позиција не стојат ниту европските принципи, ниту уставно-правни дилеми, туку страв од реалните демографски последици што би произлегле од таков чекор.
„Дозволете ми да ја понудам мојата хипотеза зошто ова прашање со години се претставува како политичка маскарада пред европските партнери“, вели В’лкова. „Минатата година, бугарското Министерство за внатрешни работи објави податок дека околу 217 илјади граѓани на Република Северна Македонија стекнале бугарско државјанство.“
Но, како што нагласува таа, оваа бројка не ја отсликува целосната слика.
„Во статистиката не се вклучени децата на тие луѓе, кои автоматски се регистрирани како бугарски државјани по раѓање. Затоа со голема сигурност можам да кажам дека реалната бројка надминува 300 илјади лица“, истакнува В’лкова.
Кога овој податок ќе се спореди со резултатите од последниот попис, каде што Северна Македонија има околу 1,8 милиони жители, процентот станува политички чувствителен.
„Триста илјади луѓе се околу една шестина од населението. Тоа значи дека приближно 16 проценти од граѓаните се од бугарско потекло – и тоа само оние кои веќе формално го имаат докажано тоа“, вели таа.
Според бугарската експертка, токму овие бројки се клучот за разбирање на однесувањето на македонската влада. Вклучувањето на Бугарите во Уставот, смета В’лкова, би го отворило прашањето за нивната реална политичка и општествена тежина.
„Со едно уставно признавање, повеќе нема да може да се зборува за маргинално малцинство. Тоа би значело нови барања, нови права и ново редефинирање на внатрешната рамнотежа во државата“, објаснува таа.
На крајот, В’лкова порачува дека проблемот не е ниту историјата, ниту идентитетот како апстрактни категории, туку многу поприземни работи.
„Ова е прашање на бројки, на влијание и на политичка контрола. А токму од тоа, секоја власт најмногу стравува“, заклучува таа.
Текстот, според В’лкова, е јасен показател дека уставните измени не се блокирани поради Европа, туку поради внатрешните стравови на домашната политика.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

