23 март 2026
• од Станча Јаќимовски
АД Макпетрол донесе одлука за намалување на малопродажните цени на горивата на своите бензински станици, со што бензините и дизелот ќе се продаваат поевтино за два денари по литар во однос на цените утврдени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според соопштението на компанијата, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 86,5 денари за литар.
Воедно, намалување има и кај дизел горивото. Новата цена на дизелот ќе изнесува 93,5 денари за литар, што исто така претставува намалување од два денари по литар во споредба со цената објавена од РКЕ.
Од Макпетрол информираат дека со оваа мерка имаат за цел да им овозможат на граѓаните и компаниите поекономично снабдување со гориво во услови на променливи пазарни цени.
ДУИ: Албанците се изоставени од унапредувањата, институциите да дадат одговори
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

