01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На граничниот премин „Ѓуешево“ во Бугарија, бугарската полиција привела 40-годишна државјанка на Македонија кај која биле откриени дури 89 илјади евра скриени под облеката. Според информациите од бугарските власти, парите биле внимателно залепени за телото на жената, во обид да бидат изнесени нелегално од земјата.
Настанот се случил на 29 август, кога жената патувала со автомобил кон излез од Бугарија. Царинската и граничната полиција побарале заеднички преглед, при што се дошло до откритието што ги шокираше и самите инспектори.
Жената е веднаш приведена, а бугарските медиуми јавуваат дека веќе е покрената брза истрага. Додека властите таму си ја завршуваат работата, останува горчливото прашање: каков имиџ добива Македонија секој пат кога нејзини државјани се фаќаат во криминални скандали?
Овој случај ја става државата во ново непријатно светло. Додека Македонија се обидува да ја убеди меѓународната заедница во својата стабилност и европска иднина, вакви инциденти потсетуваат дека криминалот и корупцијата не се изолирани појави, туку дел од поширок проблем.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден