Македонците против ЕУ и еднаквост, Албанците за напредок покажува анкета
Резултатите од најновата анкета откриваат длабока поделба во општеството на Северна Македонија. Дури 82% од етничките Македонци се против внесување на Бугарите во Уставот – дури и по цена на блокирање на евроинтеграцијата. Наспроти тоа, 56,3% од етничките Албанци го поддржуваат овој услов, гледајќи го како нужност за напредок кон Европската Унија.
Оваа бројка кажува многу повеќе од обичен став за уставни измени. Таа ја покажува подготвеноста – или неподготвеноста – на граѓаните да прифатат една од клучните европски вредности: еднаквост на сите заедници. Внесувањето на Бугарите во Уставот не е „предавство“, туку уставно изедначување со веќе признаените заедници во земјата. Ниту еден народ не губи ништо со тоа што друг има права – напротив, сите добиваме.
Парадоксално, дел од народот кој најмногу се бори за заштита на сопствениот идентитет, е подготвен да го жртвува иднинот на државата само за да спречи една заедница да биде уставно признаена. И додека се пропуштаат шанси за подобар живот, стабилност, европски фондови и правна сигурност, сè уште доминираат наративи за „наметнување“ и „бугаризација“.
Од друга страна, Албанците во Северна Македонија – кои исто така имаа долг пат до уставна еднаквост – денес гледаат подалеку. Тие разбираат дека влезот во ЕУ е повеќе од формалност – тоа е единствениот пат до реформи, подобра економија и функционални институции. Наместо да се плашат од еднаквоста на други, ја прегрнуваат идејата за заедничка иднина.
Политичките елити со години хранат дел од населението со стравови и национализам. Но денес, токму тие стравови стануваат најсилниот ланец што ја влече државата назад. Ова не е веќе прашање за историја, туку за избор – ќе останеме ли заробени во страв, или ќе избереме напредок?
Ако Северна Македонија навистина сака да биде дел од Европа, првиот чекор е да се однесува европски – да прифати дека еднаквоста не е закана, туку вредност. И дека интеграцијата не се мери со зборови, туку со дела.