03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, остро ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за ново задолжување од 15 милиони евра. Таа истакна дека средствата се бараат за проект кој, според официјалните податоци, е реализиран во 94,3%.
„Прашањето е зошто се потребни 15 милиони евра за само 5,7% нереализирани активности,“ рече Лукаревска, додавајќи дека проектот е вреден 21,5 милиони евра и бил донесен уште во декември 2020 година со поддршка на мнозинството предводено од СДСМ.
Лукаревска потсети дека токму сегашните претставници на Владата, додека беа во опозиција, жестоко го критикувале проектот, нарекувајќи го „душманско трошење“ и обвинувајќи за нови задолжувања.
„Денес, кога тие се на власт, го поддржуваат истиот проект и носат ново законско решение, без присуство на претставници од Министерството за образование,“ додаде таа.
Пратеничката потенцираше дека во предлог-законот се задржани сите четири компоненти од првичното решение, меѓу кои и делот за консултанти и обуки – нешто што ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше додека беше опозиција.
„Што е сменето? Ништо. Освен што сега трошат уште 15 милиони евра. И ова се прави непосредно пред избори, за да можат градоначалниците да се пофалат со поддршка од централната власт. Денес е втори септември, а изборите се на 19 октомври,“ нагласи Лукаревска.
Според неа, новото задолжување е без економска логика, без јасно образложение и без отчетност.
„Ова не е развојна инвестиција, ова е политичка злоупотреба,“ истакна таа, додавајќи дека ваквиот пристап само ја потврдува неконзистентноста во политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, Лукаревска порача: „Ако нешто се критикувало претходно од опозицијата, што е сменето сега за да се поддржи кога сте власт? Веројатно овде важи правилото: Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам.“
Македонската младина сака европска иднина: 69% поддржуваат членство во ЕУ
Две години затвор за Љамалари поради напад врз градоначалничката Арсовска
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден