Љупчо и Љубчо Георгиевски – Гласно и гордо: Ние сме ванчомихајловисти!
Во време кога лагата и стравот доминираат во јавниот дискурс, и кога молкот стана удобен политички засолниште, се појави глас кој одекна како потсетник на моралната храброст и историската вистина. Тоа беше гласот на Љубчо Георгиевски.
Љубчо Георгиевски не дојде како поранешен премиер, ниту како политичар што бара поени или слава. Тој се појави како слободен човек — со име, со чест и со кураж. Во денови кога, како што ги нарече Љупчо Георгиевски, „слугите на лагата“ најгласно викаат, токму тој се одважи да ја каже вистината и да застане зад светата кауза и споменот на историската фигура Иван Михајлов.
„Јас сум Ванчомихајловист!“ – изјави гласно и недвосмислено Љубчо Георгиевски, потсетувајќи дека вистината не зависи од бројот на оние што ја поддржуваат, туку од храброста да се изговори.
Додека многу политички фигури молчат, се кријат зад празни фрази или подлегнуваат на притисоци, Георгиевски избра да застане отворено — на страната на историската вистина и моралната исправност.
Љупчо Георгиевски изрази длабока благодарност и почит до својот истоименик, велејќи:
„Историјата ќе ги отфрли предавниците, а ќе ги овековечи оние кои не се исплашија да бидат во право, дури и кога беа сами.“
Завршувајќи со силна порака, Љупчо Георгиевски го слави духот кој не се поклонува:
Да живее вистината! Да живее споменот! Да живее бугарскиот дух во Македонија!