МАКЕДОНИЈА

Љубчо Георгиевски: Во српските филмови Македонците се прикажуваат како Срби

17 мај 2025

• од Вардарски

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повторно проговори јавно, овојпат со критички осврт кон односот на Србија кон Македонија и македонскиот идентитет. Тој посочи дека иако Србија на прв поглед делува како поддржувач на македонската борба против бугарските претензии, зад кулисите се води сосема поинаква политика.

„Србите многу не поддржуваат, нели, во битката против Бугарите. А нивниот претседател Вучиќ секогаш зборува за Македонија и Македонците. Но имам чувство дека, освен Вучиќ и некои пејачи и пејачки што доаѓаат во Македонија и не нарекуваат Македонци, ако отворите било која документарна програма за Балканските војни, Првата светска војна или за Кралска Југославија – ќе видите дека таму Македонците се прикажани како Срби,“ вели Георгиевски.

Тој посочи дека српската продукција има одлични филмови за Караѓорѓевиќ и за балканската историја, кои често се емитуваат и на македонски канали. Но, токму во тие содржини, според Георгиевски, Македонците не постојат како посебен народ – туку како дел од српскиот.

„Немаме проблем што на Алфа телевизија, најпатриотската телевизија, се емитуваат српски филмови – но во нив ние сме Срби. Главната поента е што оваа ситуација многу ме потсеќа на времето на Османлиите, кога политиката на Новаковиќ и Гарашанин била: поддржувајте го македонизмот во Македонија – сè до моментот кога ќе дојде време за отворена србизација. И токму тоа се случи во 1918 година. Истото се чувствува и денес,“ предупредува Георгиевски.

Тој додава дека денеска се повторува иста шема: во јавноста – поддршка за Македонија, но зад сцената – тивка работа на асимилација.

„Формата е ‘ја поддржуваме Македонија’, ама политиката што навистина се спроведува кај нас е сосема друга,“ вели Георгиевски, со јасна резерва кон вистинските намери на северниот сосед.

Во заклучокот од својата изјава, тој отворено прашува:
„Нели треба да го споменеме тоа? Да го кажеме гласно? Иако не верувам дека во денешниве македонски услови нешто ќе биде прифатено од ова.“

Со оваа изјава, Георгиевски повторно го отвори прашањето за историските и актуелните односи помеѓу Македонија и Србија, поставувајќи сериозно прашање:

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени