04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Шеесет и петгодишен жител на Скопје, со иницијали К.П.К., е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес, поради нелегално поседување пиротехнички средства.
Инцидентот се случил на 3 јуни 2025 година, околу 11:20 часот, на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје–Велес. По претходно добиени оперативни сознанија, полицијата извршила преглед на патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од осомничениот. При контролата, биле пронајдени и одземени вкупно 940 парчиња огномет, за кои К.П.К. не поседувал соодветна документација.
Дополнително, по извршените проверки било утврдено дека лицето има решение за привремена забрана за вршење на дејност поврзана со ваков вид производи.
К.П.К. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.