17 мај 2025
• од Вардарски
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово на 16 мај околу 17 часот го лишиле од слобода 49-годишниот Н.М. од селото Долно Којнаре, општина Куманово, поради управување моторно возило под дејство на алкохол.
Инцидентот се случил на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово, каде полициска патрола запрела патничко возило од марката „Рено“ со кумановски регистарски ознаки. По извршената контрола, било утврдено дека возачот е во видно алкохолизирана состојба, а понатамошните проверки покажале дека во крвта имал дури 3,46 промили алкохол.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.
Од СВР Куманово информираат дека продолжуваат со засилените контроли на сообраќајот, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и спречување на несовесно и опасно однесување од страна на возачите.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници