Лишен од слобода кичевчанец осомничен за убиство на родителите
Полициски службеници од ОВР Кичево утрово во 07:10 часот го лишија од слобода Е.А. (48) од селото Србјани, кичевско, поради сомнение дека сторил тешко кривично дело – убиство.
Претходно, околу 07:00 часот, во Полициската станица Кичево било пријавено од Итната медицинска помош дека Е.А. лично се пријавил кај нив, наведувајќи дека во семејната куќа со секира ги нападнал неговите родители.
Набргу потоа, повредените биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде, за жал, неговиот татко, У.А. (74), им подлегнал на повредите. Мајката на осомничениот, Ф.А. (67), е хоспитализирана во неконтактибилна состојба и нејзината здравствена состојба се следи со внимание.
Е.А. е приведен и задржан од страна на полицијата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство“.
Истражните органи продолжуваат со работа на целосно расветлување на настанот.