28 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Политичката партија Левица остро реагира на, како што го оценува, циничниот и арогантен настап на премиерот Христијан Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата се дискредитираат како „политичка агенда“, додека реалната сиромаштија на стотици илјади граѓани се релативизира.
Според Левица, особено проблематично е тоа што носител на највисоката извршна функција, кој јавно демонстрира луксуз и раскош, си дозволува да држи лекции за „нереалноста“ на барањата за повисоки примања. Таквиот однос, велат од партијата, претставува отворена демонстрација на класна ароганција и целосна отуѓеност од реалноста во која живее мнозинството работници во државата.
Од Левица потсетуваат дека економските показатели јасно ја разоткриваат длабочината на социјалната криза:
Истовремено, инфлацијата ја еродира куповната моќ и ги поништува и формалните, законски корекции на платите, што дополнително ја влошува положбата на работниците.
Наместо активна политика за заштита на трудот и достоинството на работниците, Левица оценува дека Владата на ДПМНЕ избира да ги стигматизира синдикатите и да ја криминализира нивната улога. Таквата реторика, според партијата, е опасна бидејќи има за цел да го замолчи организираниот труд и борбата за егзистенција да ја прикаже како „партиска интрига“.
Со тоа, се удира директно врз уставно загарантираното право на здружување и колективно дејствување, што претставува сериозен удар врз работничките права и демократските стандарди.
Левица укажува и на контрадикторноста во владините политики: додека над 50.000 граѓани работат во странство поради ниските плати и лошите услови, власта најавува увоз на евтина работна сила, наместо создавање услови за достоинствен живот во земјата.
Во таков контекст, тврдењата за Македонија како „трета економска сила во Европа“ се оценуваат како пропагандна фикција што грубо ги навредува семејствата кои секој месец пресметуваат дали ќе можат да ги покријат основните трошоци.
Според Левица, позицијата на ДПМНЕ е јасна и класно дефинирана – приоритет имаат интересите на крупниот капитал и луксузот на малцинството, а не трудот и егзистенцијата на мнозинството. Таквата политика ја оценуваат како длабоко десничарска и антисоцијална.
„Барањето за повисока минимална плата не е политичка агенда, туку елементарно прашање на човечко достоинство“, порачуваат од Левица, додавајќи дека секој обид за делегитимирање на синдикатите и одбрана на статус-квото на ниски плати е свесен напор да се зачува систем во кој малцинството живее во раскош, а мнозинството во несигурност и сиромаштија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

