20 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лековите за смирување, односно седативите како дијазепам, лексилиум, валиум и хелекс, не треба да се издаваат без лекарски рецепт, но податоците укажуваат на значајна употреба меѓу адолесцентите. Според најновите податоци, употреба на вакви лекови со рецепт во одреден период од животот пријавиле 9,9 проценти од момчињата и 12,2 проценти од девојчињата во Македонија, што вкупно изнесува околу 11 проценти од младата популација.
Употребата на лекови за смирување без рецепт е пониска, но сепак загрижувачка. Таква употреба пријавиле 5,7 проценти од момчињата и 7,5 проценти од девојчињата, односно вкупно 6,6 проценти. Овие податоци произлегуваат од Европскиот проект за школско истражување за алкохол и други дроги – ESPAD 2024, кој неодамна беше презентиран од Институтот за јавно здравје.
Истражувањето опфаќа и податоци за употребата на канабис кај адолесцентите. Според резултатите, 5,5 проценти од анкетираните млади лица изјавиле дека користеле канабис барем еднаш во животот, 4,3 проценти го користеле во текот на изминатата година, а 2,6 проценти во последниот месец.
Анализата по пол покажува дека преваленцата на употреба на канабис — во текот на животот, во последната година и во последниот месец — е повисока кај момчињата отколку кај девојчињата.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

