Лекарка од Кочани која работи во Софија:„Бевме како браќа, како соседи, како луѓе со иста болка“
Марија Кусеска е млада лекарка, родум од Кочани, која работи како лекар во Софија.
Но, вчера не беше само лекарка – беше човек со скршено срце. Веста за трагедијата во нејзиниот роден град ја остави во шок, а душата ѝ се замрзна од болка.
Додека се прашуваше како да помогне, стана сведок на извонредна солидарност. Со само неколку телефонски разговори меѓу Министерот за здравство и директорот на Итната медицинска помош во Софија, шест бугарски амбулантни возила веднаш тргнаа кон Македонија.
Никој не се двоумеше, никој не поставуваше прашања – само делуваа.
Работеа заедно, како браќа, како соседи, како луѓе со иста болка.
„Од срце ви благодарам! Благодарам што ми помогнавте да бидам лекарка во вистинската смисла на зборот, што бевте со мене во борбата за животите на моите блиски.
Заедно можеме да го промениме светот!“
Посебна благодарност упатува кон д-р Костадинов (Stefan Kostadinov) и сите тимови што беа рамо до рамо со неа во овие тешки моменти.
„Мое Кочани… 💔🕊️🪽🙏
Со огромна болка и тага искрено сочувство до сите семејства, до моите блиски роднини, пријатели, соученици… 🖤“
— Марија Кусеска