03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Викендов на гробиштата во скопската општина Ѓорче Петров се случил необичен инцидент кој предизвика внимание кај јавноста. Според сведоштва на граѓани, маж облечен во црковна мантија се претставувал како свештено лице и на посетителите им нудел изведување на верски обреди за покојните — но за паричен надомест.
Еден од очевидците, кој своето искуство го споделил на социјалните мрежи, раскажал дека „попот“ токму се подготвувал да отпее молитва кога на местото пристигнала полициска патрола. Полицијата го привела мажот, а обредот не бил изведен.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија интервенцијата. „На 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности“, стои во соопштението од МВР.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување дали приведеното лице има поврзаност со некоја верска заедница или станува збор за измама.
Настанот се случил за време на Задушница, ден кога верниците традиционално ги посетуваат гробиштата за да им оддадат почит на своите блиски. Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните апелираат за внимателност и повикуваат институциите да го санкционираат ваквиот вид злоупотреби.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

