10 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Седумдесет и седумгодишен жител на Виница бил жртва на телефонска измама, при што од непознато лице бил измамен за сума од над 430.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 8 јануари 2026 година околу 17:30 часот, оштетениот случајот го пријавил во ОВР Виница. Тој изјавил дека претходно во текот на денот добил телефонски повик од лице кое се претставило како лекар. Измамникот му соопштил дека неговата ќерка е хоспитализирана поради скршеница на ногата и дека итно е потребна операција со вградување на метална шипка.
Лажниот доктор побарал пари за наводната интервенција, а оштетениот, загрижен за здравјето на ќерката, во неколку наврати ги однел парите на однапред договорено место.
Откако се вратил дома, вистината излегла на виделина – неговата ќерка го контактирала телефонски, по што тој сфатил дека станува збор за измама.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот. Надлежните апелираат до граѓаните, особено повозрасните, да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски измами.
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

