28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонија тоне во економски мрак, а граѓаните се оставени сами да се борат со растечките цени и намалената куповна моќ. Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денеска жестоко ја нападна владата на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја „врв на неспособност“ и предупредувајќи дека народот буквално едвај преживува.
Кузеска посочи дека синдикалната минимална кошница за една година е поскапа за речиси 5.000 денари, додека минималната плата пораснала само за 1.800 денари. „Зеленчукот поскапе за 63,3%, овошјето за 33%. Инфлацијата е 4,8% и ги јаде примањата на граѓаните“, предупреди таа.
Со огорчен тон, Кузеска додаде: „Реалната плата во јуни порасна за само 3,8%. За прв пат по долго време имаше пад на просечната плата споредено со претходниот месец. Цените растат, платите мируваат, а куповната моќ на граѓаните паѓа“.
Министерката за финансии Кочовска изјави дека владата „нема магично стапче“ за инфлацијата. Но Кузеска вели дека тоа е ништо друго освен изговор:
„Владата не е таму да се правда и да се луксузира на грбот на народот, туку да преземе мерки. Сите земји во регионот имаа навремени интервенции за цените и инфлацијата. Само Македонија ги остави граѓаните сами на себе. ‘Немаме магично стапче’ е врв на неспособност“.
Кузеска остро предупреди дека македонските плати се само 35% од европските просеци, додека цените достигнуваат 60% од европскиот. „Граѓаните плаќаат речиси европски цени, а живеат со трипати пониски плати“, рече таа, додавајќи дека оваа состојба не е случајна, туку свесно одржувана од власта која работи за бизнис-елитите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
На крај, Кузеска најави дека СДСМ ќе продолжи со битката за покачување на минималната плата на 500 евра, укинување на ДДВ за храната и зголемување на платите во сите сектори. „Почетокот на есента е еден од најтешките економски периоди за македонските семејства. Нашата борба е борба за достоинствен живот“, порача таа.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден