26 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство во Куманово информира дека е поведена постапка против 59-годишен жител на градот, кој се сомничи дека извршил тешко семејно насилство врз својата сопруга, нанесувајќи ѝ сериозни телесни повреди.
Според информациите од обвинителството, на 20 март во нивниот дом најпрво настанала вербална расправија помеѓу сопружниците. По расправијата, осомничениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со тупаници по телото, при што ѝ предизвикал тешки повреди, вклучително и скршени три ребра.
По инцидентот, полицијата во Куманово веднаш реагирала и го привела осомничениот, додека надлежниот суд донел одлука за определување мерка притвор.
Од Обвинителството појаснуваат дека лицето се гони за кривично дело „Тешка телесна повреда“ согласно член 131 став 2 од Кривичниот законик. Постапката е во тек и се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на случајот.
Надлежните институции апелираат за нулта толеранција кон семејното насилство и ги охрабруваат граѓаните да пријавуваат вакви случаи со цел навремена заштита на жртвите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

