27 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Окружно јавно обвинителство – Шибеник поднесе обвинение против 28-годишен државјанин на Северна Македонија, по потекло од Куманово, осомничен за силување и грабеж на жена од Венецуела која давала сексуални услуги на хрватското приморје.
Според обвинителството, осомничениот, идентификуван со иницијали А. М., е во притвор и се товари дека во периодот меѓу мај и јуни 2025 година прво ја запознал жртвата во Задар, каде имал доброволен сексуален однос со неа за кој ѝ платил.
Во наредните седмици, тој во повеќе наврати доаѓал во станови што жртвата ги користела на хрватскиот брег и вршел притисок да има повторно сексуални односи. Кога таа одбила и изрично кажала дека не сака, тој ѝ се заканувал дека ќе донесе пријатели кои „ќе ѝ наштетат“, дека ќе ја пријави во полиција и ќе ја разобличи како проститутка, создавајќи атмосфера на страв и уцена.
Како што стои во обвинителниот акт, користејќи го стравот предизвикан од заканите, осомничениот двапати имал сексуални односи со жртвата без нејзина согласност. Првиот акт на силување се случил во стан во Задар, додека вториот бил извршен во стан во Сплит.
Во истото обвинение се опфатени и дејствијата за грабеж, во кои учество имал и 34-годишен маж од Задар, со иницијали В. Д. И тој е во притвор, но за него обвинителството предлага посебен третман – да биде осуден како непресметлива личност и да му се наложи сместување во психијатриска установа наместо класична затворска казна.
Јавното обвинителство смета дека делото е сторено во состојба на неспособност за расудување, поради што ќе побара од судот да одреди задолжително болничко лекување и надзор.
Двајцата осомничени се задржани во истражен притвор додека предметот преминува во судска фаза. Доколку им биде докажана вина, случајот може да резултира со долги затворски казни за силувањето и грабежот, како и задолжително институционално лекување за вториот обвинуваен доколку судот ја прифати психијатриската препорака.
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

